Французите бесни на голманот: Одземете му ја наградата на Емилијано Мартинез

Емилијано Мартинез продолжи со провокации на сметка на француската репрезентација и за време на прославата на титулата во Аргентина, откако се забавуваше во рацете држејќи кукла со ликот на Килијан Мбапе.

Претходно, Аргентинецот при самото добивање на наградата за најдобар голман на СП признанието го стави во пределот на меѓуножјето како „поздрав“ до француските навивачи, а постојаните провокации од голманот кон „триколорите“ се причина од Франција да биде покрената иницијатива оваа награда да му биде одземена на Аргентинецот.

„Можеме да потврдиме дека поднесовме официјално барање до ФИФА за одземање на наградата за најдобар голман доделена на Емилијано Мартинез. Причината е неговото срамно однесување веднаш по финалето, кога ја стави меѓу нозете и ја насочи кон француските фанови, но и за време на последните прослави на аргентинските фудбалери. Таквото однесување е недозволиво, го урива имиџот на фудбалот и пораката што се сака да се прати преку спортот и затоа Мартинез треба да остане без наградата“, објави Карл Олив, првиот човек на Олимпискиот Комитет на Франција.

Се вчитува...