Голем малер: Скапото засилување на Челси пак се повреди

Весли Фофана требаше да биде големо засилување на Челси откако лондонскиот клуб плати 75 милиони фунти за да го доведе од Лестер, но францускиот дефанзивец не може да крене глава од проблеми со повреди откако пристигна на „Стемфорд бриџ“.

Фофана го повреди коленото на дуелот со Милан во октомври, оттогаш не му беше на располагање на тренерот Грем Потер, но се очекуваше да биде големо засилување за продолжението од премиерлигашката сезона.

Проблемите сепак се обновија откако дефанзивецот настрада на вчерашниот меч што Челси го одигра зад затворени врати против Брентфорд. Мечот требаше да послужи за враќање во натпреварувачки ритам на Фофана и на уште неколку фудбалери кои се мачеа со повреди, но наместо тоа Французинот заработи нова повреда.

Деталните прегледи покажаа дека не станува збор за ништо наивно, односно дека Потер уште еден месец нема да може да смета на најскапото засилување од летниот преоден рок.

Се вчитува...