Александар Костоски апсолутно заслужено се закити со признанието за најкорисен кошаркар во шестото коло од АБА2-лигата, по извонредното издание што плејмејкерот на ТФТ го имаше на дуелот со Подгорица.
Костоски играше фантастично, а токму благодарение на неговото беспрекорно издание македонскиот претставник успеа да се врати во финишот и на крајот преку продолжение да стигне до победата.
Зад името на нашиот одличен кошаркар останаа запишани 39 поени, 9 асистенции, пет скокови и три украдени топки, за вкупна валуација од 40 индексни поени.
Костоски и ТФТ во следното коло од АБА2 лигата утре ќе се сретнат со екипата на Спарс од Сарајево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА