ВИДЕО: Се влошува состојбата на Пеле, легендата ја губи битката со тешката болест…

Се влошува здравствената состојба на легендарниот бразилски фудбалер Пеле кој, се чини, ја губи битката со ракот на дебелото црево.

82-годишниот Пеле е префрлен на палијативна нега во болницата откако неговото тело повеќе не реагира на хемотерапијата. Па, иако неговото семејство убедуваше дека е добро, сепак последните информации говорат за влошена состојба поради што ќе мора да остане на болница, а за тоа зборува и најновото видео од клиниката каде е сместен легендата на светскиот фудбал.

Се очекуваше да оди на домашне нега, но јасно е дека ќе мора да продолжи неговата хоспитализација.

„Ќе останам хоспитализиран во нормална соба која има лекарски надзор. Нема да бидам на интензивна нега“ – напиша Пеле од болницата, а неговата ќерка само порача:

„Сакајте го, а вашите приказни и молитви многу ни помагаат затоа што знаеме дека не сме сами“.

Се вчитува...