УЕФА ги шокираше Швајцарците со одлуката во квалификациите за ЕП 2024 да играат во Нови Сад

УЕФА ги шокираше Швајцарците и пред се нивните репрезентативци со албанско потекло поради одлуката еден натпревар во квалификациите за ЕП 2024 да го играат во Србија.

Како што е познато, репрезентацијата на Белорисија е под санкции поради инвазијата на Украина па тие своите домашни натпревари мора да ги играат во друга држава. Па, на предлог на Белорусите секако, УЕФА одлучи првиот нивни натпревар во квалификациите во март следната година и тоа против Швајцарија да се игра во Нови Сад.

Добро е познато како на Мундијалот во Катар заврши дуелот меѓу Швајцарија и Србија со бројни провокации на теренот за време на натпреварот и по него. Па, затоа Швајцарците се изненадени од потегот на УЕФА. Јасно е дека Белорусија во Србија ќе има силна поддршка за триумф против Швајцарија.

Се вчитува...