АБА-лигашките натпревари кои се клучни за исходот на сезоната во регионалната сцена за МЗТ Скопје продолжуваат денеска од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде аеродромци силите ќе си ги одмерат со Сплит.
Покрај победа која ќе ги зголеми шансите за опстанок во елитното регионално натпреварување, овој натпревар е воедно добра можност „штрковите“ да се одмаздат за поразот на последниот меѓусебен меч во сезоната 2019/20, кој подоцна го спречи македонскиот состав да стигне до прволигашката сцена во лигата.
View this post on Instagram
Македонскиот и хрватскиот тим досега одиграа три натпревари во храмот во Аердором, а „сино-белите“ славеа на сите три па тоа ќе биде и добра шанса за продолжување на традицијата, за што тренерот Петровиќ повика и на мобилизација за со песната на најверните се да биде полесно.
„Пред нас е важен натпревар во кој мораме да го дадеме максимумот. Играме на домашен терен, пред нашите навивачи и сигурен сум дека ако одиграме со самодоверба и ако го следиме зацртаното од стручниот штаб на крајот сите заедно ќе се радуваме“, вели Дастин Вер.
На теренот денеска ќе биде и поранешниот играч на МЗТ Скопје, Доминик Мавра кој воедно е и еден од најопасните играчи на Сплит. Хрватскиот бек се наоѓа во одлична форма со просек од 17.2 поени и 6.4 асистенции па неговото лимитирање и лимитирањето на Шенон Шортер ќе биде клуч за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА