Шахтјор од ФИФА бара отштета од 40 милиони евра

Судот за спортска арбитража (CAS) ќе одржи рочиште за спорот меѓу фудбалскиот клуб Шахтјор од Доњецк и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а украинскиот тим бара отштета од 40 милиони евра поради заминувањето на странски играчи среде војната во таа земја.

Сослушувањето е во Лозана, а претставниците на Шахтјор сметаат дека се финансиски оштетени поради одлуките на ФИФА по почетокот на војната во Украина.

Во еден од документите на ФИФА од јуни годинава пишува дека странските играчи и тренери кои играат во Украина ќе имаат право да го суспендираат договорот до 30. јуни 2023 година, доколку не постигнат договор со клубот.

Неколку играчи го напуштија Шахтјор во последните месеци, меѓу кои и играчот од средниот ред Тете, кој од крајот на март беше на позајмица во Лион.

Се вчитува...