Луис Енрике ќе го води Бразил?

Екс шпанскиот селектор Луис Енрике е во потрага по нов ангажман откако доби отказ од клупата на Шпанија по елиминацијата од Мундијалот во Катар. Тој може одново да работи како селектор, и тоа да ја преземе една од најдобрите репрезентации во моментов, селекцијата на Бразил.

Тамошните медиуми откриваат дека Луис Енрике е еден од кандидатите, откако веројатно ќе нема ништо од можноста да биде донесен Карло Анчелоти или Зинедин Зидан, кои се поврзуваа со „кариоките“.

Бразил остана без селектор откако Тите си поднесе оставка по поразот од Хрватска. Се знаеше дека Тите ќе замине од Бразил, без разлика каков успех ќе имаат на Мундијалот во Катар.

Покрај Зидан и Анчелоти, во некои шпекулации се споменува и Томас Тухел. Во секој случај Бразил во следните денови треба да ја донесе одлуката околу нов предводник на националниот тим.

Се вчитува...