Кристијано Роналдо до крајот на оваа календарска година и официјално ќе го стави својот потпис на договорот со Ал Наср, со што португалската суперѕвезда ќе стане прв спортист во историјата со договор со вкупна вредност од над една милијарда долари.
Како што веќе информираа бројни медиуми, Ал Наср уште пред повеќе од еден месец испрати понуда до Роналдо за плата од 200 милиони долари по сезона. Португалецот тактизираше со одговорот, а челниците на Ал Наср во меѓувреме уште повеќе ја кренаа понудата. Платата на Роналдо би била иста, но Кристијано би имал загарантирано богатство и откако ќе ја заврши кариерата, бидејќи во договорот со Ал Наср би потпишал и дека по завршувањето на играчката кариера ќе остане дел од фудбалот во Саудиска Арабија, како амбасадор на кампањата за оваа земја да ја добие организацијата на мундијалот во 2030 година.
Јасно е дека Кристијано би сакал да одигра уште најмалку една година во Европа, но фактот дека не доби ниту една понуда од клуб со сериозни амбиции дополнително го разочара Роналдо.
Во една таква ситуација, тој е подготвен да го стави потписот на договорот со Ал Наср, според кој би играл фудбал до 2025 година, а потоа би бил амбасадор на фудбалската асоцијација на оваа држава уште пет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА