Њу Орлеанс ја прекина серијата од четири порази, славејќи на домашен терен против Сан Антонио со 126-117. Патот до триумфот беше отворен по извонредната прва четвртина што домаќините ја добија со 37-17, по што не му дозволија на гостинскиот состав да се врати во мечот.
Меколум беше незапирлив во дресот на Њу Орлеанс на овој натпревар, постигнувајќи 40 поени надополнети со осум скока и девет асистенции. Домаќините со овој триумф се зацврстија на третото место во Западната конференција со 19 победи и 12 порази, само еден пораз помалку од Мемфис и од Денвер, кои се наоѓаат на делба на првата позиција.
Кошаркарите на Јута по голема борба славеа на дуелот против Вашингтон со 120-112, Бисли со 25 поени беше најдобар поединец во победничкиот тим, додека најефикасен на натпреварот беше гостинскиот кошаркар Бил со 30 поени зад своето име.
Резултати НБА:
Њу Орлеанс – Сан Антонио 126-117, Јута – Вашингтон 120-112.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА