Мегваер си оди од Јунајтед веќе во јануари?

Стоперот Хари Мегваер веќе во зимскиот преоден рок би можел да го напушти „Олд Трафорд“ затоа што не беше стандарден во првиот дел од сезоната, а според англиските медиуми тој би можел да заврши во ривалот на Јунајтед.

Мегваер во 2019 година дојде во Јунајтед откако за неговите услуги беа дадени дури 87 милиони евра, што е рекорд за еден дефанзивец. Во Лестер исто така добро се „опарија“ од трансферот, со оглед дека не се снајде во Јунајтед. Во последните три години не ги оправда очекувањата и се повеќе се најде на мета на критики од навивачите и од аналитичарите.

„Мирор“ пишува дека интерес за Мегваер појавил Тотенхем, кој уште во јануари би сакал да го донесе во своите редови. Овој тим е подготвен да плати само 25 милиони евра, што е многу помалку од оние 87 кои ги плати Манчестер пред три бодини.

Мегваер во Премиерлигата ова сезона одигра само четири меча, што најдобро кажува дека Тен Хаг не смета сериозно на неговите услуги.

Се вчитува...