Словенечкиот велосипедист, член на екипата на Џамбо-Висма, Примож Роглич нема да учествува на Тур де Франс во 2023 година. Тој ќе се натпреварува на Џиро д’Италија.
Олимпискиот шампион во хронометар и трикратен шампион на „Вуелта“, триесет и тригодишниот Примож Роглич, нема да вози на Тур де Франс во 2023 година, но ќе се врати на Џиро.
На претставувањето на тимот за следната сезона, Роглиќ изјави дека се уште се опоравува од повредата, но дека се надева дека ќе биде во најдобра форма за натпреварувањето кое многу го сака и во кое не успеа да триумфира.
Роглич досега има настапувано двапати на Џиро. На своето деби на големата трка во 2016 година, тој го изненади светот на велосипедизмот со победата на деветтата етапа. Три години подоцна тој дојде на истата трка како еден од фаворитите, но мораше да ја напушти поради здравствени проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

