Пред 56 дена беше прободен со нож, вчера повторно заигра фудбал

Шпанскиот фудбалер Пабло Мари, после неполни два месеци од убодите со нож во еден трговски центар во Милано, се врати на терените. Мари беше нападнат од непознат напаѓач во еден центар заедно со пет лица, по што мораше итно да биде опериран.

Само 56 дена подоцна тој заигра за Монца во пријателскиот меч со Лион на „Групама Арена“ во истоимениот француски град. Мари влезе во игра во 79. минута.

Овој 29-годишен играч пред Монца, играше во Арсенал со кого и натаму е под договор, а беше дел и од Удинезе, Фламенго, Депортиво, НАЦ Бреда, Жирона, Манчестер Сити, Гимнастик и Мајорка.

Се вчитува...