Ливерпул остана и без Фирмино

Главоболките што Јирген Клоп ги имаше во првиот дел од сезоната се зголемија и во пресрет на продолжението од Премиер-лигата, откако Роберто Фирмино се приклучи на долгата листа повредени играчи.

Бразилецот не настапи на вчерашниот пораз во лига-купот од Манчестер Сити, а Клоп на денешната прес-конференција објави дека Фирмино нема да биде во комбинација ниту за понеделничкото гостување против Астон Вила, прв меч по мундијалската пауза за „црвените“. Повредата наводно не е премногу сериозна, но Фирмино најверојатно ќе гопропушти и наредниот меч против Лестер, последен за Ливерпул во оваа 2022 година.

Покрај него, на повреда во изминатите денови се пожалил и искусниот Џејмс Милнер, а веќе подолго време надвор од тимот се Диого Жота и Луис Дијаз.

Се вчитува...