Нема крај на проблемите на Лејкерс: Ентони Дејвис во „аут“ на неодредено време

Лос Анџелес Лејкерс имаат уште една сезона за заборав, а истата повторно не поминува без проблем со повреда на Ентони Дејвис. Крилниот центар има проблем со десното стапало, а колку ќе отсуствува од теренот не знае ниту самиот медицински тим на 16-кратниот НБА шампион.

Лејкерси претходната сезона ја завршија на 11. позиција на табелата со што не се најдоа ниту во плеј-инот, а оваа сезона повторно ќе имаат тешка задача за успех. По 32 одиграни меча тимот е на 13. место со скор од 13 победи и 19 порази.

Се вчитува...