Де ла Фуенте најави промени во шпанската репрезентација

Неуспешниот настап на Светското првенство во Катар каде „црвената фурија“ беше елиминирана од Мароко во осминафиналето донесе промена на селекторското место во шпанската репрезентација од каде замина Луис Енрике, а договор доби Луис Де ла Фуенте.

А, тоа нема да биде единствената промена во следниот период бидејќи новиот селектор ја отвори вратата за камбек на поискусни фудбалери.

„Имаме база на добри играчи меѓу кои треба да ги избереме најдобрите. Во А-селекцијата моментално има девет играчи помлади од 21 година, но тука се и ветераните кои можат да допринесат и да ги направат младите уште подобри. Многу фактори ќе влијаат на следниот список, но до март има доволно време. Како селектор на првиот тим имам среќа што повеќе не сум ограничен со годините на играчите. Доколку имаме 20-годишник подобар од некој кој има 28 години тој ќе добие шанса или пак обратно“, изјави доскорешниот тренер на младинците.

Се вчитува...