Евра: Фергусон сакаше да биде тренер на Манчестер Јунајтед уште 10 години, но управата…

Алекс Фергусон за многумина и најголемиот тренер во историјата замина во пензија во 2013 година по целосната доминација со Манчестер Јунајтед. За 27 години поминати на „Олд Трафорд“ легендарниот Шкотланѓанец освои 13 шампионски титули во Англија, девет Купови и две титули во Лигата на Шампиони.

Фергусон замина во пензија на 71-годишна возраст, а Патик Евра сега открива дека тоа воопшто не бил планот на Фергусон кој верувал дека со две засилувања може дa ја продолжи доминацијата.

„Две недели пред крајот на првенството во 2013 година се сеќавам Фергусон ми приде и ми кажа: Патик, гледам дека медиумите пишуваат дека ќе си заминам, но верувај ми ќе бидам тука уште десет години. Може да освоиме уште трофеи во Лигата на Шампиони, но ми требаат два играчи: Кристијано Роналдо кој тогаш беше во Реал и Герет Бејл. Му требаа околку 200 милиони фунти, но управниот одбор на Јунајтед не се сложи со тоа“, вели Евра.

Се вчитува...