Челси на лето оди „ол ин“ за трансфер на Деклан Рајс

Деклан Рајс и понатаму е голема желба на Челси. Поранешниот младинец на „сините“ кој сега ги брани боите на Вест Хем е на радарот на лондонскиот тим веќе подолго време, а очекувањата се дека американскиот газда следното лето „ќе го одврзе ќесето“ за негов трансфер.

„Чекичарите“ долго ги одбиваа богатите понуди на градскиот ривал, но не успеаја да ги исполнат барањата на својот капитен. Рајс посакува конкурентен тим кој ќе се бори за титула и константен настап во европските натпреварувања, но едноставено тимот од источен Лондон нема доволно капацитет за борба на два фронта.

Тоа се одрази оваа сезона во која Вест Хем доминира во Конференциската Лига, но потфрли во Премиерлигата каде по 15 одиграни меча има само 14 освоени бода, ја завзема 16. позиција на табелата и доколку не успее да го освои трофејот во европското натпреварување, шансите за европска есен следната сезона се минимални.

А, со тоа воедно се зголемуваат и шансите за премин во Челси. Барањата на Вест Хем во минатото ја надминуваа границата од сто милиони евра, Челси имаше поинаква проценка, но овој пат се очекува да ја прифати сумата која ја бараат „чекичарите“.

Се вчитува...