Поранешниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли во подкастот „Bears Best“ говореше на повеќе теми поврзани за неговиот живот, неговата младост, НБА тренинзите и почетокот на професионалната кариера, посветеноста и „Коби менталитетот“, а откри трогателна исповест и за смртта на неговиот татко.
Американецот со македонски пасош прв пат кога го видел своето име во весник на 16 годишна возраст, пресреќен истрчал да му се пофали на својот татко, но го нашол починат.
„Ме имаше во весник следното утро и одам да го разбудам татко ми, му велам „Тато станувај, ме има во весник“, а тој не дише. Го превртев и видов дека заминал. Беше блед, не дишеше. Почнав да врескам, бев во тотален шок. Од врв паднав на дно за само еден миг“, вели Вајли.
„Ер Вајли“ и се приклучи на македонската репрезентација во 2020 година и беше дел од „црвено-жолтиот“ ростер во квалификациите за Евробаскет 2022, но не доби место во последните претквалификаци.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

