Стеф Кари ќе мора дополнително да почека за својот камбек на терените, откако рехабилитациската програма по повредата на рамото н ги даде очекуваните резултати.
Тој имаше делумна дислокација на левото рамо на дуелот со Индијана на 14 декември, веќе пропушти четири натпревари, но според последните информации ќе мора да отсуствува од терените уште најмалку две седмици.
Најдобриот кошаркар на Голден Стејт и сезонава игра одлично, во просек постигнувајќи по 30 поени, 6,6 скокови и 6,8 асистенции. „Воините“ играат многу слабо на стартот од сезонава, во првите 33 одиграни средби имаат 15 победи и 18 порази и се наоѓаат на 11. место во Западната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

