Луис Суарез одлучи: Во Бразил за крај на кариерата

Бразилскиот клуб Гремио е новата дестинација во кариерата на Луис Суарез, откако уругвајскиот голгетер конечно ги разреши дилемите околу новиот клуб по заминувањето од Насионал.

За екс-голгетерот на Барселона и Ливерпул се интересираа и клубови од Европа, потоа мексиканскиот прволигаш Круз Азул, а последен во трката се вклучи и тим од Саудиска Арабија, кој понуди најдобри финансиски услови.

Сепак, одлуката е донесена – Суарез сака кариерата да ја заврши во бразилскиот шампионат. Гремио ги прифати условите на кои инстистираше Уругваецот – договор на две години, а официјализацијата се очекува во наредните 24 часа, по што Суарез на почетокот од новата година ќе му се приклучи на новиот тим.

Се вчитува...