Тен Хаг: Не сакам веќе да си го трошам времето на Роналдо, ние градиме нов Манчестер Јунајтед

На Ерик тен Хаг очигледно му здодеа да одговара на прашањата поврзани со Кристијано Роналдо, откако неговиот конфликт со португалскиот ас резултираше со заминување на легендарниот напаѓач од „Олд Трафорд“.

Тен Хаг е фокусиран на вториот дел од сезоната и претстојните битки на „црвените ѓаволи“, при што јасно стави до знаење дека нема намера во иднина да одговара на прашања поврзани со Роналдо.

„Сакам да одиме напред, да продолжиме да напредуваме. Не сакам повеќе да си ги трошам времето и енергијата на Кристијано Роналдо. Она што ние го правиме е изградба на нова иднина за Манчестер Јунајтед, а тој не сакаше да биде дел од тоа. Затоа, нашито фокус сега е на успешно продолжение на сезоната“, изјави Тен Хаг.

Манчестeр Јунајтед во вторник ќе го пречека Нотингем во својот прв меч по мундијалската пауза.

Се вчитува...