Жоао Феликс сака во ПСЖ, но …

Жоао Феликс ќе се обиде во текот на јануарскиот преоден рок да обезбеди трансфер од Атлетико Мадрид, откако стана јасно дека Португалецот ниту сезонава не е дел од плановите на Диего Симеоне за стандарден првотимец во овој тим. Атлетико плати над 100 милиони евра за да го доведе Феликс од Бенфика, но голгетерот никогаш не ја оправда оваа трансфер-сума.

Дефанзивниот пристап на кој инсистира Симеоне е една од причините, па самиот Феликс сака во иднина да игра во офанзивен клуб, со ПСЖ на врвот на неговата листа желби.

Сепак, проблем е што „светците“ во моментов се насочени кон задржување на своите клучни фудбалери и воопшто не размислуваат да трошат пари на нови напаѓачи. Мбапе потпиша во текот на летото, а сега потписот на новиот договор ќе го стави и Лео Меси, а ако се знае дека и Нејмар има уште неколку години од договорот, јасно е дека во таборот на „светците“ ќе нема место за нова голгетерска ѕвезда.

Како опции се споменуваат Челси и Манчестер Јунајтед, но прашање е дали овие премиерлигаши ќе се согласат да платат 100 милиони евра, сума што Атлетико најавува дека ќе ја бара за Феликс.

Се вчитува...