За Седлоски нема дилема: Шкупи повторно ќе атакува на титулата

Гоце Седлоски имаше бурна сезона со Шкупи, најпрвин предводејќи го тимот до шампионска титула, но потоа и заминувајќи од кормилото по серијата слаби резултати на стартот од сезоната.

„Циркусот“ во Чаир кулминираше откако Седлоски нецел месец подоцна се врати назад на клупата, но тоа се покажа како вистински потег бидејќи под негово водство Шкупи не само што се консолидираше, туку и влезе во серија одлични резултати со кои сега актуелниот првак заостанува само три бода зад лидерот Струга, но и има меч помалку од стружани.

„Кога го преземав Шкупи минатата сезона, цел беше да се стигне до титулата и ние го остваривме тоа. Следеа европски натпревари кои ги игравме паралелно со домашното првенство, заморот кај тимот беше огромен, и тоасе одрази врз резултатите. Следеше моја оставка, но се случи тимот да загуби на две од трите средби по моето заминување, по што повторно најдовме заеднички јазик и се вратив назад во Шкупи. Му благодарам на Бога што резултатите досега се позитивни, се надевам дека ќе бидат уште подобри во вториот дл од сезоната. На сите ни е јасно – цел на Шкупи и сезонава е да биде шампион на Македонија“, изјави Седлоски.

Се вчитува...