Никола Јокиќ и сезонава игра извонредно во дресот на Денвер нагетс, а српскиот центар реши да се награди самиот купувајќи си супер-луксузен автомобил од брендот Ролс Ројс.
Јокиќ тргна во шопинг со својот поранешен соиграч и голем пријател Вил Бартон, при што Бартон купи модел „Гоуст“, додека српскиот ас се почсти со „Калинан“ од линијата возила на Ролс Ројс. Основната верзија на овој автомобил чини 330.000 долари, додека со цлосната опрема што ја избрал МВП-кошаркарот на НБА-лигата, цената достигнала половина милион долари.
На социјалните мрежи се појави и фотографија од ентериерот на автомобилот на Јокиќ, од која фановите на големиот ас останаа воодушевени.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

