Елмас скромен: Не ме споредувајте со Пандев, тој има освоено се во кариерата

Елиф Елмас игра одлично секогаш кога ќе добие шанса во Наполи, што беше препорака и Ливерпул повторно да се заинтересира и да се обиде да го доведе веќе во јануарскиот преоден рок.

Македонскиот „дијамант“ трпеливо ја чека разврската во преговорите, во меѓувреме е фокусиран на подготовките со Наполи за вториот дел од сезоната, а Елмас во едно интервју говореше и за споредбите со Горан Пандев, единствениот Македонец што пред него го носел дресот на „наполитанците“.

„Искрено, не сакам кога гледам споредби меѓу мене и Пандев, бидејќи тој е човек што многу го почитувам и кој има освоено буквално се во кариерата. Во Интер, Наполи и Лацио, дури и во Галатасарај имаше големи успеси. Горан е големо име во македонскиот фудбал, кој има освоено се што можеше да се освои. Сега имаме и други одлични фудбалери во репрезентацијата, како Алиоски и Барди“, прокоментира Елмас на оваа тема.

Се вчитува...