По поразот од Далас на Божиќ, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс му оддаде почит на Дирк Новицки.
Пред натпреварот, Маверикс одржаа церемонија на која беше откриен споменикот на Новицки пред „Американ Ерлајнс центарот“.
„Дирк е легенда и икона на светската кошарка. Мислам дека е најдобар неамерикански кошаркар во историјата заедно со Ману Џинобели. Она што го донесе во овој град е нешто посебно… Тој човек беше кул и донесе револуциа во НБА. Не можеше да му ставиш да го чува помал играч затоа што беше преголем, но не можеше да ставиш ниту еден побавен голем играч, затоа што имаше многу брз прв чекор во зенитот на кариерата. И никогаш не можеше да му го блокираш ударот, тој имаше техника на шут што потсетуваше на Лери Бирд“, изјави Леброн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

