Јутјуберот Џејк Пол повторно се најде во центарот на вниманието на спортската јавност со контроверзна изјава. Американецот овој пат го прозва Конор Мекгрегор, а воопшто не штедеше зборови.
Во коментари на социјалната мрежа Твитер тој влезе во конфликт со Ирецот, а напиша дека ќе го нокаутира со една рака доколку се борат во ринг…
„Ти си се борел за појаси? Последен пат кога се бореше за појас беше пред четири години. Загуби на три од последните четири борби. Ќе те нокаутирам во ринг со една рака. Во кафез ќе ми требаат двете, но резултатот ќе биде ист“, напиша Пол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА