Војдан Стојановски – најдобар кошаркар за 2022 година

Долгогодишниот македонски репрезентативец Војдан Стојановски ја доби наградата за најдобар кошаркар во изборот на Македонската кошаркарска федерација за 2022 година.

Во неа капитенот на „црвено-жолтите“ се врати и во мак-баскетот каде му помогна на МЗТ Скопје да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да избори место во АБА лига.

„Би благодарам за наградата, се надевам на нови успеси како во репрезентацијата така и во клубот“, кратко изјави Стојановски.

Се вчитува...