Шортс со 38 поени го преслуша и тимот на Ѓорѓи Кочов

Македонскиот дуел во 11. коло од Бундеслигата му припадна на репрезентативецот Ти-Џеј Шортс кој со неверојатен „ол-ароунд“ натпревар го предводеше својот Бон до победа од 80-73 против Кемниц чиј дел и нашиот стартег Ѓорѓи Кочов.

Маестралниот бек мечот го заврши како апсолутен лидер со 38 постигнати поени со реализација од 9/13 во обидите за два и 6/7 во обидите за три поени, а додаде и 6 скока и 3 асистенции.

Се вчитува...