Иако имаше најави за враќање во Работнички, искусниот играч од средниот ред Бојан Најденов кариерата ќе ја продолжи во Узбекистан, во таборот на Локомотив Ташкент.
На официјалната страница на Локомотив Ташкент, Најденов е најавен како големо засилување во средниот ред на екипата.
Узбекистанското првенство не е никаква новина за Најденов, со оглед дека настапуваше во ова првенство во втората половина од 2021 година, играјќи за Навбахор. Потоа замина во Искра, и досега беше дел од Академија Пандев. Во минатото Најденов беше дел и од Работнички, Хоризонт Турново, а интернационалната кариера ја градеше и во Естегал, Смуха и Лачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

