„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Никој како Робертсон во Премиер-лигата

Енди Робертсон, дефанзивецот на Ливерпул, од вчера е рекордер во Премиер-лигата. Тој стана дефанзивецот со најмногу асистенции во историјата на елитното ниво на англискиот фудбал.

Репрезентативецот на Шкотска во петтата минута му асистираше на Мохамед Салах за водство на неговиот тим во натпреварот против Астон Вила, кој на крајот заврши 3-1 за Ливерпул. Тоа беше негова 54. асистенција во кариерата во Премиер-лигата и сега има една повеќе од Лејтон Бејнс.

 

Се вчитува...