Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ игра одлична сезона во Уникс Казањ во кој се истакнува како еден од најдобрите кошаркари во досегашниот дел од ВТБ лигата.
Македонецот во интервју за руските медиуми зборуваше за неговите цели во кариерата и за тоа каде се гледа во иднина. Тој вели дека на сите им е сон да играат во НБА, но неговиот е да игра во Евролига.
„Цел ми е да игра во Евролигата. Тоа секогаш била моја цел. Кога потпишав со Валенсија, тие влегоа во Евролигата, но не успеав. Многу играчи велат дека нивниот сон е НБА, но мојот е Евролигата. Гледав многу натпревари како дете, ги паметам пресметките на Панатинаикос и Макаби. Не сум заинтересиран и не гледам НБА-лига. Може само да направам исклучок за некои мечеви во плеј-офот, или некои кратки видеа на Инстаграм. Евролигата е комплетно поинаква и секој кој ја разбира кошарката го разбира тоа. Бев на драфтот, имав шанса да потпишам договор. Но, одбив, затоа што се согласив да одам во Валенсија. Не се сеќавам на клубот. Имаше два или три клуба кои имаа понуди до мојот агент“, изјави Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА