Лидерот на табелата во Втората фудбалска лига на Македонија Гостивар доведе екстра засилување за вториот дел од сезоната.
Гостиварци успеаја да го украдат напаѓачот на директниот ривал за елитата, Вардар, Симеон Христов.
Екс напаѓачот на Работнички и на Вардар, кој имаше и интернационална кариера, треба да претставува сериозно засилување за офанзивната линија на гостиварци, како би обезбедиле пласман во Првата фудбалска лига следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА