Македонската ракометна репрезентација имаше успешен старт на тест-натпреварите за СП 2023, откако без многу мака ја совлада Црна Гора со 38-33.
Резултатот не беше во преден план, но одлично беше да се види една брза и полетна игра, која сигурно ќе биде дополнително усовршена кога на националниот тим ќе му се приклучи Филип Кузмановски.
Падот на концентрацијата во финишот се должи на младоста и неискуството, но нема сомнеж дека Лазаров ќе му обрне особено внимание, за вакви работи да не се повторуваат кога ќе биде најважно – на СП во Краков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА