Јапонскиот селектор Хаџиме Моријасу го продолжи договорот до Светското првенство во 2026 година, соопшти Јапонската фудбалска асоцијација (ЈФА).
Така Моријасу стана првиот селектор на Јапонија во историјата кој го задржал своето место по Светското првенство.
„Тоа е работа што ме исполнува. Тоа е работа што ми дава можност да се натпреварувам на меѓународна сцена, горд сум што сум Јапонец. Затоа ја прифатив понудата на ЈФА“, изјави 54-годишниот Моријасу.
Поранешниот јапонски репрезентативец (1992-1996) ја презеде селекторската функција по Светското првенство во Русија во 2018 година, каде што беше помошник тренер. Во Катар „сините самураи“ не успеаја да ја остварат целта, а тоа беше да се пласираат во четвртфиналето до кое Јапонија никогаш во историјата не стигнала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА