Екипата на Челси денеска објави дека постигна договор за ангажман на голгетерот на Молде, Давид Датро Фофана. 20-годишниот фудбалер ќе се приклучи на Челси на 1. јануари 2023 година.
Фофана важи за еден од најголемите таленти. Сезонава постигна 15 голови во норвешкото првенство, со пет асистенции во 24 меча. Вкупно сезонава одигра 37 меча и постигна 21 гол.
Станува збор за напаѓач од Брегот на Слоновата коска, кого го нарекуваат новиот Дрогба, кој играше во Челси. Во минатото пред Молде настапуваше во неколку домашни клубови. Во Европа пристигна во февруари 2021 година. Трансферот ќе чини некаде околу 12 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА