„Македонецот“ Ти Џеј Шортс прогласен за играч на колото во Германија

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс, игра во голема форма во Германија, и вторпат за само две седмици е прогласен за играч на колото во германскиот кошаркарски шампионат.

Без дилеми, Шортс по одличната партија за Телеком Бон против Кемниц, ја заслужи оваа награда. Шортс во натпреварот постигна неверојатни 38 поени, имаше и 6 скока и 3 асистенции, а неговиот тим победи со 80-73.

Се вчитува...