Карлсен четврти пат шампион во брз шах

Во Алмати заврши шампионатот во брз шах. На него учествуваа 178 играчи од 42 земји, а меѓу нив имаше дури 133 велемајстори. Во женска конкуренција учествуваа 98 играчи од 25 земји.

По 13 кола со темпо од 15 минути за цел натпревар и додавање од 10 секунди по секој потег, актуелниот шампион во стандарден шах Норвежанецот Магнус Карлсен по четврти пат ја освои титулата светски првак.

Иако загуби од Русинот Владислав Артемиев во последниот ден од последните четири кола, Карлсен во решавачкиот меч го совлада Германецот Винсент Кејмер и победи со половина бод пред Кејмер и Американецот Фабијан Каруана.

По триумфите во 2014, 2015 и 2019 година, ова е четврта светска шампионска титула за Карлсен во оваа атрактивна дисциплина. Бранителот на титулата Нодирбек Абдусаторов последниот ден ремизираше и загуби еден, па падна од второто на десеттото место.

По 11 кола првото место со 8,5 бодови го поделија поранешната светска шампионка во стандарден шах Кинезинката Жонгџи Тан и Казахстанката Динара Садукасова, па одлуката за шампионот се симна во плејофот со брзо темпо.

Во мини-дуел од две партии со темпо од 3 минути и додаток од две секунди по секој потег, Тан славеше и со тоа ја освои својата прва титула светски шампион во забрзан шах.

Се вчитува...