Вознемирувачки сцени во Англија: Млад фудбалер колабираше на терен по завршување на мечот

Вознемирувачки сцени се видени во Англија, откако на терен се сруши 22-годишниот напаѓач на Вајкомб, Тај Де Бар. Де Бар колабираше на теренот, само неколку секунди откако судијата означи крај на натпреварот на неговиот тим против Плимут. Кога се сруши, настана паника на трибините на стадионот на Плимут.

Соиграчите веднаш му притрчаа на помош, а навивачите на трибините останаа шокирани. За среќа лекарите веднаш реагираа и му пружија помош, а потоа е пренесен в оболница.

Не е познато која е причината за колабирањето, но засега тој е стабилно и минал без големи последици. Де Бар е репрезентативец на Гибралтар, но не доби шанса да игра против Македонија во последното издание на Лигата на Нации.

Се вчитува...