Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Едсон Арантес до Насименто – Пеле почина на 82-годишна возраст по долгата битка со ракот на дебелото црево. Бразилецот ќе остане запомнет како еден од најголемите фудбалери на сите времиња, човекот кој на Бразил му донесе три шампионски титули на Светските првенства, нешто што не му успеало на ниту еден фудбалер досега во историјата.
Емотивно простување од легендата имаше и неговиот сонародник Кафу кој вели дека Пеле е бесмртен и ќе остане запомнет со секој магичен гол и со секој потег на генијалнсот.
„Пеле ќе живее засекогаш. Пеле е бесмртен. Пеле е крал, Пеле е уникатен, тој ќе остане запомнет со секој магичен гол, со секој потег на генијалност, но најмногу од се од сите нас кои не испирираше. Почивај во мир брате“, напиша Кафу на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА