Па зарем е можно: Италијанците масовно се простуваат од Грациано Пеле!?

Смртта на легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој почина во четвртокот на 82-годишна возраст, придонесе за големо недоразбирање во Италија. На „Инстаграм“ Италијанците му пишуваат на поранешниот италијански репрезентативец Грациано Пеле, и му се простуваат од него.

На фотографијата на која Грациано Пеле стави слика од Божиќ заедно со неговата сопруга, може да се видат многу коментари со кои Италијанците се простуваат од него.

„Почивај во мир Пеле, мој омилен играч на Саутемптон“… „Почивај во мир“… се само дел од пораките кои може да се прочитаат на профилот.

Се јавуваат и други кои им реплицираат дека станува збор за грешка, и дека станува збор за бразилскиот Пеле, а не за Грациано.

Се вчитува...