Николиќ: Задачата беше никако да не примиме тројка… не се предаваме во борбата за опстанок

Драган Николиќ беше многу блиску до победничко деби на клупата на МЗТ Скопје, но „металците“ пропуштија златна шанса за триумф во Загреб против екипата на Цибона.

Српскиот стратег може да биде задоволен од многу аспекти во играта на „металците“, со надеж дека наскоро ќе се израдува и на првата победа како кормилар на аеродромци.

„Пред се сакам да честитам на домаќините на победата, вечерва тие беа посреќни од нас. Оваа екипа ја следи среќата цела оваа сезона, сигурно и ја заслужиле бидејќи овој кошаркарски гигант не заслужува да се најде во ваква ситуација. Сите знаете во каква состојба се наоѓа МЗТ Скопје, бевме толку блиску, но се случија грешки што не можам сега со врела глава да ги коментирам. Одработевме се што имавме договорено речиси цел натпревар, но загубивме глава кога беше најважно. Промашивме слободно фрлање на плус три, а потоа примивме тројка од голема далечина. Задачата беше никако да не примиме тројка, го барав тоа од играчите. Тешко ми падна овој пораз бидејќи многу се надевав на триумф на овој натпревар бидејќи имаме катастрофален распоред во следните неколку кола, но дефинитивно не се предаваме во борбата за опстанок“, изјави Николиќ по своето деби со пораз на клупата на МЗТ Скопје.

Се вчитува...