Фудбалската Асоцијација на Русија се премисли од намерата да ја напушти УЕФА и да се пресели во Конфедерацијата на Азија. Иако долго време се закануваа со преселба во Азија, челниците на Извршниот Одбор на руската куќа на фудбалот во последен момент го променија својот став.
Русите веќе десет месеци не се натпреваруваат ниту на клупски ниту на репрезентативен план на меѓународните натпреварувања поради воената инвазија на оваа земја во Украина, а Русите на последниот состанок решија наместо да се преселат под капата на фудбалска Азија, да се обидат да најдат заеднички јазик со УЕФА.
„Извршниот Одбор донесе одлука да предложи на УЕФА да бидат формирани заеднички работни гурпи. Вистина е дека имаше предлог да се промени конференцијата и да се почне процедурата за отстапување од УЕФА, половина членови беа за тој предлог, но на крајот се согласивме дека подобра опција е формирањето на работна група. Можеме да одиме во Азија, но никој не ни гарантира дека со тоа би играле квалификации за СП, бидејќи тоа е одлука на ФИФА“, изјави претседателот на Руската Фудбалска Асоацијација, Александар Дјуков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА