Британскиот тенисер Камерон Нори го совлада Рафаел Надал на „Јунајтед Купот“ и така ја донесе својата репрезентација во предност против Шпанија. Моментално 14. играч на светот, го совлада рекордерот по бројот на Грен слем титули со 2-1, по сетови 3:6, 6:3 и 6:4.
Пред овој дуел Нори никогаш не успеал да земе ниту сет во дуелите со Надал, па така ова му е најголемата победа во кариерата. Сезоната ја почна одлично, со втора победа од вториот меч, откако Нори беше подобар од Алекс Де Минуар со 2-0.
За Надал ова беше првиот меч во новата сезона, прв од ноември кога учествуваше во Завршниот турнир. Одлично влезе во дуелот, го доби првиот сет, но неговото ниво паѓаше како одминвуаше мечот, и на крајот мораѓе да честита поб еда на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА