Гвардиола: Халанд може и подобро

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кажа дека норвешката гол машина Ерлинг Халанд и натаму може да напредува и покрај добрите настапи откако е дел од овој клуб. Норвешкиот напаѓач и после Мундијалот продолжи со одличните настапи, и постигна два гола во победата над Лидс 3-1.

Со тие два гола, Халанд стигна најбрзо до 20 гола во Премиерлигата, односно после одиграни само 14 натпревари.

„Се надевам дека може да напрадува како фудбалер, и мислам дека може и подобро“, рече Халанд на прес-конференцијата пред дуелот со Евертон.

Халанд ова лето во Сити пристигна од Борусија Дортмунд, и досега во 20 меча постигна 26 голови.

Се вчитува...