Досегашниот играч на Шкендија, Меџит Незири е нов член на Струга ТЛ. Лидерот на табелата успеа да го ангажира дефанзивецот кој стана слободен фудбалер откако го напушти тетовскиот тим.
Незири покрај Шкендија, во минатото беше дел и од Ренова, Вентспилс и Дачија. Искусниот НЕзири сезонава одигра 12 меча за тетовските „црвено-црни“.
Покрај десната бековска позиција која е негова стандарна, може да игра и како стопер, но и како лев бек. Со Незири Струга ТЛ добива искусно име во дефанзивата, во обидот да дојде до првата шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА