Куманово се обидува да го смени тренерот Мирковски

Крајот на 2022 година е бурен во КК Куманово, по најавите за тренерска смена и заминување на сегашниот стратег Владимир Мирковски.

Кумановци разочараа со игрите и резултатите во првиот дел од сезоната, но главната вина мора да се бара кај раководството кое го продолжи трендот на долгови кон стручнот штаб и кон кошаркарите. Постојат најави за доаѓање на нова управа, но засега тоа не е остварено, а обидите за смена на Мирковски се неуспешни токму поради долгувањата кон младиот стратег.

Имено, врачување на отказ би значел и обврска за исплата на целиот договор што Мирковски го има за Куманово, додека самиот тренер нема намера на спогодбена разделба се додека не му биде исплатено се што му се должи. Засега ситуацијата е „статус кво“ и Мирковски би требало да ја има и првата прозивка во тимот закажана за 9 јануари, но кога е Куманово во прашање, секогаш е можен пресврт во последен момент.

Доколку се случи Мирковски да замине, тоа ќе значи и продолжување на тренерската вртелешка во Куманово, на негово место би се вратил Георгиевски, кој пред две години го наследи Мирковски, па потоа кога си замина повторно Мирковски дојде на негово место, за сега Георгиевски пак да биде главен кандидат за нов кормилар на кумановци.

Се вчитува...