Дејан Ловрен е поготвен да стави крај на авантурата во Зенит и да се врати назад во Западна Европа, и тоа со камбек во својот поранешен клуб Лион. Ловрен ги бранеше боите на оваа екипа во периодот од 2010 до 2013 година, по што беше продаден на Саутемптон, а управата на Лион прави се за да го врати назад на „Жерлан“.
Францускиот весник „Л’Екип“ тврди дека Ловрен веќе ги договорил личните услови за договор на 18 месеци (со можност за продолжување за уште една година), па дури и ги минал лекарските прегледи. Тој има само уште шест месеци од договорот со Зенит, но поради лојалноста што ја покажа кон клубот кога речиси сите останати странци си заминаа од Санкт Петербург, се очекува да добие зелено светло и за минимална отштета да се врати во Франција.
За потсетување, Ловрен беше стандарден во одбранбената линија на хрватската репрезентација на СП во Катар, каде „коцкстите“ остварија одличен резултат освојувајќи го бронзениот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА