Заминувањето на Кристијано Роналдо од „Олд Трафорд“ не значеше и крај на тензиите во Манчестер Јунајтед, откако тренерот Ерик тен Хаг влезе во конфликт со Маркус Рашфорд.
Англискиот репрезентативец постигна гол и асистенција на последниот триумф над Нотингем Форест, но изненадувачки не се најде меѓу стартерите на денешното гостување со Вулверхемптон.
„Рашфорд не е стартер поради покажување на недисциплина, тоа е се што можам да кажам во моментов“, кратко прокоментира Тен Хаг, кој му даде предност на младиот Гарначо во нападот на „црвените ѓаволи“.
По завршувањето на мечот се очекуваат и подетални информации околу прекршувањето на дисциплината од страна на Рашфорд, но едно е јасно – холандскиот стручњак мака мачи да наметне авторитет и сопствени правила по преселбата од Ајакс во Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА